Студентка од Прилеп во Сити Мол улови златна рипка вредна 1.000.000 денари

Кристина Стеваноска од Прилеп, при своите прошетки низ трговскиот центар Сити Мол во Скопје, редовно купувала инстант лозови, предводена од чувството дека ја очекува добивка. Изминатиот викенд, Кристина купила два инстант лоза Златна Рипка и кога на обата открила добивки од по 50 денари, решила да ги замени за два нови лаза од истиот вид. Лозовите ги изгребала на самото среќно место на Државна лотарија на Македонија.

Откривајќи ги полињата за гребење, се израдувала кога видела дека во едното поле со истоветен број на еден од добитните броеви се отвориле 1.000 денари. Но лицето на продажното место и посочило дека полето не е догребано, а изненадувањето допрва следело, кога се откриле уште три нули.

„Јас бев среќна и со добивка од илијада денари, иако верував дека еден ден ќе освојам добивка, не ни очекував дека токму јас би добила премија од еден милион денари“, ни рече Кристина при нашата средба за исплата на добивката.

Кристина е студентка на Филолошкиот факултет, при „УКИМ“. За време на нашата средба се уверивме дека е исклучително ведра и комуникативна личност. „За високи оценки“, вели „треба континуирано учење а за високи добивки, треба континуирана игра и верба во среќата“.

Се уште е изненадена од својата добивка, а изненадени се и нејзините родители, на кои телефонски им ја соопштила среќната вест. Нејзината добивка е над 15.000 евра и допрва ќе планираат како ќе ја користат. Секако, нејзе и на нејзиното семејство ќе им помогне за остварување на дел од потребите и желбите.

Инстант лозот Златна рипка покрај премиите од по 1.000.000 денари крие и бројни поголеми и помали добивки. Добивките се дознаваат со споредување на добитните броеви и броевите кои се кријат зад морските симболи. Лозот Златна рипка, во својата четврта серија го разубавивме со додавање на елементи во златна боја, посебно затоа што голем број играчи и купувачи овој лоз го избираат за подарок за свадба или други среќни поводи.

Атрактивниот изглед на лозот е поддржан и со забавниот начин за откривање на можните добивки, а на еден лоз, играчите може да се освојат и до три добивки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.