Иако СДСМ ветуваше подобри услови за студентите откако ќе дојдат на власт, тие веќе година и половина заборавија на студентите и нивните маки.
До нашата редакција пристигна видео снимка од студентскиот дом Кузман Јосифовски- Питу која е повеќе од загрижувачка.
Студентите маки мачат со водата која прокиснува токму во мензата во која треба да јадат, па поради тоа услови во мензата речиси и да нема, а водата капе без престан.
Оваа ужасна слика е уште еден доказ дека власта не се грижи за студентите иако тоа им беше ветено во многу наврати.
Извор: kurir.mk