Луѓето имаат се помоќни “алатки” во потрагата за живот во вселената, но некои научници предупредуваат дека би требало да бидеме претпазливи во врска со она што сакаме да го откриеме.
Лусијана Валкович, астрофизичарка од планетариумот Адлер во Чикаго, изјави за NBC дека секој контакт со вонземјани би можел да биде погубен за човештвото. Ако активно почнеме да испраќаме пораки и да го привлекуваме вниманието на напредните цивилизации, тогаш големи се шансите некоја од нив да има спротивни интереси од нашите, смета Лусијана.
Додава дека тоа би можело да означи крај на човештвото на Земјата, но од друга страна би можело да биде од голема корист за подобрување на животот на нашата планета.
Не можеме да знаеме што ќе се случи, вели Лусијана.
Познатиот научник Стивен Хокинг повеќе пати предупредуваше дека играме опасна игра обидуваќи се да оствариме контакт со “малите зелени”.
Ф.Г.