Силно невреме проследено со врнежи од град и засилен ветер го погоди попладнево Прилеп и прилепско.
Невремето кое траеше 15-тина минути направи вистински хаос во градското подрачје, но и големи штети по земјоделските површини, особено во делот на селата Големо и Мало Коњари.
Голема количина вода имаше и во централното градско подрачје што предизвика поплавување во дел од градските кафулиња.