Страшно вкусна! Кралска пита проја, мека како душа (Видео)

Одлично јадење со врвен вкус кое мора да се проба!

Состојки:

200гр. царевно брашно, 2 лажици обично брашно, 1 пециво, 2 јајца, 100гр. крем сирење, 200гр. кисела павлака, 50гр. кашкавал, 50мл. масло, 100гр. тврдо сирење, 200мл. јогурт и 100мл. кисела вода.

Подготовка:

Заматете ги јајцата, па додадете го царевното и обичното брашно заедно со пецивото, крем сирењето, павлаката, кашкавалот, маслото, јогуртот, тврдото сирење, киселата вода и сето тоа добро промешајте го.

На тавата за печење ставете огноотпорна хартија, а потоа ставете ја смесата и порамнете ја. Печете на 200 степени околу 40 минути.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.