Голема поплава вечерва избила од така наречениот “Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата“, кој се гради во близина на вештачкото езеро во Прилеп.
Водата која наводно избила поради дефект, ги поплавила улиците “Васко Карангелески” и “Димче Бањарот”, како и соседните ниви.
Засега не е познато која е точната причина за настанатата поплава и дали се предизвикани поголеми штети.