Циклонот кој ја зафати Македонија деновиве сеуште е активен во повеќе места во државата.
Поројни дождови активни се и во Пелагонискиот регион, кои на моменти се проследени и со засилен ветер.
Фотографиите се направени во близина на населеното место Тополчани прилепско од каде може да се види страшна глетка од пороен дожд.
Од УХМР најавија дека во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Во вторник и в среда појавата на пороен дожд и грмежи ќе биде поретка и со послаб интензитет.
До крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе бидат во интервал од шест до 15 степени, а дневната од 18 до 28 степени.