Страшен инцидент денеска во Прилеп: Дрвокрадци камикази уништија возило на шумската полиција (Фото)

Пред малку во Прилеп, дрвокрадците со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов.

-Кога објавувам дека овие бандити не бираат средства да избегаат, дел од граѓаните во коментари на моите објави се потсмеваат.

Жалното во приказната е тоа што истите овие кои го направија ова, секојдневно ја уништуваат природата во прилепскиот регион.

Жалното е тоа што и покрај тоа што ги имаме фаќано безброј пати, тие повторно се на слобода и повторно и повторно го прават ова.

Апелирам до судот и обвинителството да носат ригорозни мерки за овие бандити и да не го чекаме моментот да ни биде повреден или недај Боже да ни загине некој колега, па дури тогаш да се освестиме.

И покрај сите предизвици, назад нема.

Нема ниту милиметар да отстапиме од борбата со криминалците, а одговорност ќе има за сите – стои во објавата од Михаилов.

https://www.facebook.com/share/p/1DnKdDycaX/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.