Страотна несреќа: Малолетник од Прилеп итно однесен на Детска хирургија

3683-brzata-pomosh-vo-prilep-dobi-tri-novi-vozila-960x600-4

Уште една несреќа ја потресе Македонија. Во 21 часот во Кривогаштани,  се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот Ц.Ѓ. и моторцикл „Хамачи“ без регистарска ознака, управуван од 19-годишниот В.К.

Во незгодата со тешка телесна повреда се здобил четиринаесетгодишник кој се возел на моторциклот. Тој по укажаната лекарска помош во Општата болница-Прилеп, е префрлен во Детска хирургија-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.