Отворено писмо од Габриела и Златко Јаков, прилепчани кои живеат и работат во Германија
Ви ја претставуваме нашата приказна!
Решението да заминеме во Германија во 2014 година, за нас беше најтешката одлука, но системот во државата не оспоруваше во напредокот заради политичката припадност. Доаѓањето на СДСМ на власт ни даде надеж за подобро утре и си рековме ќе не биде. Му благодариме на Зоран Заев што го реши спорот со името и не внесе во НАТО(знам дека на повеќето ич не ви е гајле, оти не разбирате што значи), ама мене ми е, бидејќи како студент во 2007 година јас го имав ова решение како предлог на практична конференција и еве се случи.
И да не ве замарам преминувам на главното. Мојот сопруг исто така ја заврши успешно една од најтешките гранки во медицината висцерален хирург (абдоминален, торакален, васкуларен, детски хирург) и после две години(заради корона) летово си дојдовме. Нашите 3 недели одмор ги поминавме по адвокати и општини во Прилеп, а се заради тоа што на некој му текнало дека е до толку моќен што си постави рампа на државно земјиште и нам ни го оспори правото да стигнеме до нашата куќа.
Заканите одеа до таму што го инволвираа државниот правобранител, кој по разгледување на предметот, реши дека сме во право и го архивира случајот (инаку тој и така немаше право да се инволвира во овој случај, поради тоа што не е државен интерес) и тука веќе си рековме ете владее правото, значи системот се подобрува, може да се враќаме.
И така ние како слепци си рековме ајде да му се најдеме на народот ќе си работиме во Прилеп, и со помалку пари (не се продадовме за пари во Германија, а за систем) ама дома ќе сме си. Се изгледаше добро, арно ама само што заминавме испадна да сепак законов не е закон. Општината не ја отстрани рампата од паркингот зад зграда Македонија, заради изборите.
Ајде рековме ќе почекаме ( за ко ќе изгубат СДСМ во Прилеп, да не бидеме ние виновни, оти единствената мака им беше кој ми бил мене грбот за да бидам кандидат за пратеник на дијаспора, минатата година), одма да ви одговорам, сигурно честа ми беше укажана, заради способност и добри дела. И така си доаѓаме на 2.11. и не чека известување за отстранување на рампата, ама пазете решението не ми го даваат и не ја отстрануваат рампата, наводно имале право на жалба. Е сега како можи да имаат право на жалба за нешто за кое немале дозвола ни да го постават?!
И сега вториот шок од нашиот “пријател“ екс градоначалник Илија Јованоски (кој кажа дека немал појма што потпишал), издава дозвола за градба која ја потпишува на последниот ден од мандатот(не знам зошто брзаше толку), која по никој закон не смеела да се потпиши, и нам ни го одзема последното небо, сонце, воздух. На оддалеченост од 1,20 метри од нашата куќа, станбена зграда висока исто колку нашата куќа, без наша согласност. Побарала инвеститорката дозвола и за лепенка до нас, која нормално не и ја дадовме, на што на нашите родители им рекла, тогаш ќе ви го земам сонцето.
Нам не ни останува ништо друго освен да му се заблагодариме на екс градоначалникот за “поддршката” и “пријателството” да се вратиме во Прилеп и да работиме за доброто на народот. Прашањето ни е: Ако немал појма што потпишува, тогаш требало да не превзема таква функција. Поздрав за градоначалникот што нема појма што потпишува и да не ми го праќа шоферот да ми гарантира дека тој објект ќе се изгради…???!!!!
Вие нема да ни го земете правото да бидеме СДСМ, заради тоа што ние за разлика од повеќето знаеме што е социјална демократија, Сугаре мислеше дека му барам работа, друже Горан да ми ти кажам, јас за мене за работа не се плашам, ама ти изгледа се исплаши од мојата докажана способност, па затоа со баграта што го уништивте СДСМ и Заев во Прилеп ни го оспоривте ажурирањето на членството. Затоа за овие избори немаме грижа на совест, што не бевме во можност да си дојдиме и да гласаме за тебе.
Народе мој мил издржете, ние не сме откажани, само ќе почекаме подобри времиња и пак ќе бидиме тука за вас, како и досега.
Срдечни поздрави
Габриела и Златко Јаков
Во продолжение и пропратните документи за случајот кои ни ги испратија:
Известување од општина Прилеп дека немаат одобрение за поставување на рампа зад зграда “Македонија”
Решение дека треба да се отстрани рампата, а не се постапува по него
“Одобрение за градба на друг објект, кое е издадено на 26.10, односно последниот ден како градоначалник на Илија Јованоски. Наредниот ден Д-р Борче ја презеде функација. Зошто би дал одобрување на последен ден? Освен ако нема некоја корист?” – стои во дописот.