Кандидатот за пратеник во ИЕ 1 на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Стојаноски на прес конференцијта одржана денес на 29.06.2020 истакна дека заштитата на здpaвjeто и подигнувањето на квалитетот на здравцтвените ycлуги за граѓаните, ќе биде еден од нашите основни приоритети во периодот што следува.
Во продолжение интегрален текст од видео прес конференција за медиуми.
Како држава, во моментов, според сите параметри од релевантните и реномирани европски и светски институции, сме оценети како земја која што се уште се води како ризична зона во однос на исходот од справувањето со корона кризата.
Постои голема веројатност за нов бран на КОВИД-19 кој што се очекува од месец септември. Оттука, мошне е важно да имаме влада која е посветена и знае како да се справи со потенцијалните предизвици.
ВМРО-ДПМНЕ со Преодната стратегија за првите 100 дена влада, се обврзува на зајакнување на капацитетите на јавното здравство. Државата и граѓаните никогаш повеќе нема да се соочат со хаосот во секторот на здравство.
Во првите 100 дена ќе формираме национално координативно тело за здравствена дејност, како и целосно нов концепт за функционирање на болниците.
Ќе се зајакнат целокупните болнички капацитети, со акцент особено на инфективните одделенија во земјата, во насока на тоа да го дочекаме подготвени новиот потенцијален пик на корона вирусот.
Предвидуваме комплетно спроведување на дигитализација и аплицирање на концептот Е-здравство, односно здравство без хартија.
Дополнително во насока на подобра координација и ефективно функционирање, ќе биде извршено интегрирање и реорганизирање на клиниките во Кампусот „Мајка Тереза“ како и клиничките болници ширум државата.
Ќе имплементираме целосно нова методологија за тестирање, која ќе опфати тестирање на критични точки, со мобилни тимови на терен, тестирање по случаен примерок, серолошки тестови за откривање на граѓани кои стекнале имунитет на вирусот, како и зголемено широко тестирање на контактите на заболените со Ковид 19.
Со цел зајакнување на капацитетите на јавното здравство, планираме вклучување на младите лекари и специјализанти во борбата против Ковид 19.
Во првите 100 дена сите здравствени работници ќе добијат еднократна надокнада од 50% од нивниот личен доход, како награда за справување со корона кризата. Исто така во првите 100 дена вработените на Инфективна клиника и ГОБ „Осми септември“ ќе добијат дополнително една плата како бонус за натчовечките напори кои ги вложуваат во борбата со вирусот.
Награда за својот труд ќе добијат и вработените во МВР, кои неуморно се бореа во справување со последиците од кризата со вирусот.
За да се обезбеди применето и споредбено искуство од други земји, ќе повикаме и искусни тимови на колеги од странство, кои врз база на своето успешно искуство во справување со корона вирусот, ќе ни помогнат во справувањето со кризата и кај нас.
Ќе биде извршено модифицирање на протоколите за работа на угостителските објекти. Дополнително ќе се изработат протоколи за заштита и во другите дејности како: спортски сали, фитнес центри, внатрешните делови на рестораните и стопанските дејности, кои во моментот не функционираат, а се со цел постепено отворање и ставање во безбедна функција и на овој бизнис сектор.
Помош ќе има и за компаниите, со цел да не се јават нови кластери, како тие во конфекциите во Штип. За таа цел се предвидени средства за дезинфекција, маски, како и помош при безбедно спроведување на процедурите за транспорт на работници и за превентивен скрининг на вработените.
Време е да ставиме крај на руинирањето на здравствениот систем! Време е за обнова! Исправи се Македонијо! Одбери обнова!