Сточарите во Нов Зеланд користат технологија за чување овци: Наместо кучиња, се користат дронови (Видео)

Сточарите на Нов Зеланд користат висока технологија за чување овци.

„За мене, како овчар, тоа е многу корисно“, вели Кори Ламбет од Нов Зеланд за своето беспилотно летало.

Тој прво го користел дронот за снимање, а потоа сфатил како да го искористи на карпестите и cтpмни терени за чување овци. Тој не е единствениот. Овчарот од Марлборо, Џејсон Рентул, се согласува дека беспилотните летала се многу корисни и заштедуваат време. Заштедите се значајни: она што порано било работа за четири лицa, секој со по најмалку две кучиња, сега го прават две лицa со помош на беспилотни летала.

Рентул го купил својот прв дрон откако видел видео на ЈуТјуб на еден сточар, кој користејќи дрон го чувал својот добиток. Му требало време на неговото куче да се навикне на дронот и да соработува со машината. „Сега тие работат заедно, кучето и дронот. Беше неверојатно колку кучето брзо сфати за што станува збор “, вели Рентул. Беспилотното летало му олеснува на кучето да го пронајде стадото, благодарение на звукот на беспилотното летало.

Британскиот земјоделец Војтек Банке користи друга тактика и обучува овци за да го следат дронот. Во соработка со универзитетот Харпер Адамс, тој прво изолирал пет овци, притоа навикнувајќи ги на дронот за да се движи стадото заедно. Кога дронот ќе се приближел, тој фpлaл ореви кон овците. Кога овците научиле дека дронот е одговорен за наградата, ги вратил во стадото. „За неколку недели, сите сто овци беа набљудувани од дрон“, вели Банке. Во меѓувреме, тој ги обучил сите 300 овци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.