Столиќ и Кираџиева победници на Поштенскиот маратон во Прилеп

file317

Саша Столиќ од Србија и Весна Кираџиева од Скопје се победници од машка и женска конкуренција на вториот Поштенски маратон, кој утрово се одржа во градот Прилеп. Зад Столиќ, кој истрча за време од 2:48:50, и Кираџиева со време од 3:20:47, второпласиран маратонец од машка конкуренција беше Александар Кираџиев 2:51:50, додека третопласиран Трпе Мартиноски со време од 3:16:39. Снежана Милошевиќ и Милјана Ристиќ беа второ и трето пласирани во женска конкуренција со време од 3:42:22, односно 3:47:33.

flp_7223

flp_7272

Увертира за почетокот на годинешното, второ по ред издание на Поштенскиот маратон беше Детската трка на 1 км. На патеката оваа година се одвиваа четири трки во неколку дисциплини: маратон од 42,195 метри, полумаратон од 21,097 метри и рекреативна трка од 5км на кои учествуваа повеќе од 200 натпреварувачи.

Собраните средства од котизацијата ќе бидат донирани на фондот за помош на
поплавените подрачја во Македонија, со што организаторите на маратонот и сите негови учесници се вклучија во хуманитарните активности по повод катастрофалната поплава која зафати неколку подрачја во Македонија.

Само еден месец пред неговото одржување, Прв Поштенски Маратон стана член на
најголемата асоцијација за маратони во светот “Асоцијацијата на интернационални
маратони и трки на далечина” (AIMS- Association of International Marathons and Distance
Races). Во оваа престижна организација членуваат 400 маратонски трки од повеќе од 120 земји и територии во светот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.