Американскиот Стејт Департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија.
Во соопштението се наведува и дека на сите граѓани на САД во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја.
Државниот секретар Ентони Блинкен како причина ја наведе американската загриженост за безбедноста на граѓаните поради денешното апсење на американски новинар во Русија.
Да потсетиме, новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, е уапсен во Русија под сомнение за шпионажа, објави Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација ги запре незаконските активности на дописникот на московското биро на Вол Стрит Журнал, Американецот Еван Гершкович, роден 1991 година, акредитиран во Министерството за надворешни работи на Русија, кој е осомничен за шпионирање за американската влада“, велат од ГО.
„Утврдено е дека Еван Гершкович по инструкции на американската влада собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на воено-индустрискиот комплекс на Русија. „Во обид да добие доверливи информации, странецот е приведен во Екатеринбург“, соопшти ФСБ.