Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на денешната комисисика седница за ребаланс на буџетот изјави дека оваа Влада од направеното расипува и како последен пример е тоа што заради партиски притисоци е стопиран патот Градско – Прилеп, а за тоа потврда има и од изведувачот Рубау од Шпанија.
Стевананџија истакна дека за тој пат од Владата на ВМРО-ДПМНЕ беа обезбеднеи 87 милиони евра, за реализација на експресен пат во три фази кој Битола и Прилеп требаше да ги спои со Скопје, но сега нема ниту, пат ниту работници кои работат, а во замена за тоа граѓаните ќе плаќаат и 110 милион евра пенали.
– Сега требаше да го возиме тој пат бидејќи требаше да биде готов на 1 август 2019 година, а последниве 7 месеци таму нема ниту еден работник, се сомневам и дека досега е нарушена статиката на тоа што досега е изградено, ама ние од нашите џебови сега треба да платиме 110 милиони евра., потенцираше Стевананџија.