Што побрзо одиме на избори подобро за сите, ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи договорот со Грција, реплицираше Димитар Стевананџија на премиерот Зоран Заев кој претходно рече дека повеќе од 25 пратеници од опозицијата се подготвени да ја сносат одговорноста да гласаат за уставните амандмани.
„В понеделник ќе видиме, ако не во вторник ќе видиме, што побрзо одиме на избори подобро за сите. Подобро да изгубиме 2 месеца повеќе, отколку уставното библиско име, рече Стевананџија.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повтори својот став дека нема намера да гласа за промена на Уставот, а со цел промена на уставното име на државата.
За в понеделник е закажана пленарна седница во Собранието на која пратениците треба да гласаат за уставните измени.