Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија на денешната седница на Собранието и реплицираше на колешката сограѓанка од Прилеп, Кети Смилеска.
Стевананџија истакна дека со зголемените сметки за вода за 60% во Прилеп, на пензионерите кои плаќале по 500 денари сметки за вода, им се намалува домашниот буџет за 4.800 денари на годишно ниво.
Наместо да им биде намалена сметката за вода за 20% онака како што ветуваше градоначалникот од СДСМ во Прилеп, сега сметките за вода се покачени за 60%.