Жестока дебата во студиото на “Само Вистина” на “Канал 5” Телевизија. Дебатираат пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Димитар Стецананџија и познатиот шарен револуционер, припадник на владиното мнозинство, Павле Богоевски.
Во еден дел од емисијата Стевананџија го потсети Богоевски на тендерот за набавка на 20.000 шишиња лубриканти, притоа изложувајќи еден примерок на дебатната маса.
Стевананџија праша дали не е подобро парите за ваков тендер да бидат пренаменети за плати за вработените во прилепскиот загубар “Еурокомпозит” или за условите на студентите во студентските денови, или можеби за нови автобуси во Битола, за децата во овој град да се возат до училиштата во исправни автобуси, а битолчани да не добиваат уште повеќе загаден воздух.
Богоевски меѓудругото се покажа како добар познавач посочи дека примерокот кој го изложи Стевананџија бил еден од најскапите.