Вечерва со почеток од 18:00 часот стартува адреналинскиот настан “Екстремен викенд” во Прилеп.
На скејт паркот во близина на “Паркот на револуцијата” на едно место прилепчани ќе имаат можност да се дружат со најдобрите во Македонија бајкери, скејтери, ролери и да погледнат неверојатни паркур точки.
Задолжен за музичкиот дел од програмата е Dj Гоце Саф.
Нашата камера забележа група бајкери кои изведуваа опасни скокови од поголема висина, а потоа истите се упатија кон скејт паркот.
Утре настаните продолжуваат на мото крос арената во Лагово, каде ќе се одржи возбудливата трка “Stormriders 2016” .