Старец ја замолил келнерката да му ја исече храната бидејќи му се треселе рацете: Не ни знаела што ќе следи

Еден мал чин на љубезност на една келнерка во Тексас и донел 16.000 долари.

18-годишната Евони Вилиамс работи во ресторан каде пред неколку дена еден старец ја замолил да му ја исече храната бидејќи му се тресат рацете.

Девојката се согласила и му помогнала, а некој од гостите ја сликал и фотката ја споделил на социјалните мрежи.

Сликата станала вирален хит, и ја споделиле илијадници луѓе. Сите се заинтересирале за младата келнерка, а потоа се дознало дака работи за да собере пари за студирање.

И ги добила парите. Texas Southern University ја наградил девојката со 16 илјади долари стипендија која ќе и помогне да го заврши факултетот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.