Изгледа дека Јувентус го договори првото јануарско засилување.
Според извештаите на најпознатите медиуми во Италија, дресот на Старата Дама од јануари ќе го носи Томас Ринкон.
Ринкон во Торино ќе пристигне на позајмица во износ од 2 милиони евра, со обврска за целосен откуп за 8 милиони евра на крајот на сезоната.
Многумина овој играч го гледаа како нов фудбалер на Рома, меѓутоа Јувентус и на теренот и надвор од теренот покажа кој е вистински газда во Италија.