Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со Градоначалникот Марјан Ристески го потпишаа договорот за грант меѓу Министерството за финансии и општината за изградба на сообраќајница во индустриската зона Прилеп 1. Вкупната вредност на проектот изнесува 8.456.749 денари. За време на посетата, вицепремиерот Ставрески се сретна и со бизнисмените на градот, каде се запозна со начинот на кој Општина Прилеп ги подобрува условите и поволностите за инвестиции и плановите за понатамошен развој на стопанството како и можностите за привлекување на странски и домашни инвестиции во индустриските зони. На средбата со бизнис секторот, беа разменети информации и искуства во поглед на развој на општините и стопанството, но исто така стана збор за идни заеднички настапи пред фондовите на Европската унија. Вицепремиерот Зоран Ставрески денеска ја посети и компанијата „Конфи Ангел“.