Пожар на нискостеблеста деградирана шума и сува трева вчера попладнето гореше во близина на атарот на с. Прилепец и се закануваше да се прошири до манастирот.
Благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Прилеп, пожарот е ставен под контрола.
“Во гасењето на пожарот беа вклучени 8 пожарникари со 2 возила и 1 теренско возило. Пожарот беше на околу 200м од манастирот, се ширеше према атарот на с.Волково”, информираат од ЦУК.