Српски Спутник: Груевски утре ќе го објави составот на новата Влада

1109211253

Мандатарот за состав на новата Влада на Република Македонија Никола Груевски има намера утре да го објави новиот состав на Владата, пишува српскиот портал “Спутник Њуз”.

Според порталот новата Влада ќе ја сочинуваат победничката партија кај Македонците ВМРО-ДПМНЕ, победничката партија кај Албанците ДУИ, а кон ова мнозинство ќе се приклучат и двата мандати кои ги освои ДПА.

Груевски, чија коалиција освои најмногу гласови на предвремените Парламентарни избори на 11-ти декември минатата година, прифати дел од барањата на албанските партии во делот на финансирањето на општините со мнозинско албанско население, пишува порталот.

Македонија подолго од две години ја тресе политичка криза, а после изборите се најде во непријатна ситуација, бидејќи ниту една од двете македонски најголеми коалиции не освои доволен број на мандати за самостојно да формира Влада, пишува во продолжение порталот.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев, се обиде да направи договор со албанските партии кои учевствуваа на изборите , но не наиде на договор кај најголемата албанска партија ДУИ, која на Заев му замери за тоа што на изборите одвлече голем процент на албански гласови, што доведе до тоа Албанците да добијат помал број на мандати, ги завршува своите сознанија “Спутник Њуз”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.