Постојат сознаинија дека во моментов во српскиот парламент има најмалку пет пратеници кои работат за странски тајни служби, пишува српски курир. Тоа претставува опасност за државата , бидејќи можат да откријат доверливи државни информации.
Како што пишува српскиот портал, нивниот извор им пренесол дека српските пратеници ги користат странските безбедносни служби како би го оствариле својотл интерес и би влијаеле врз настаните во Србија.
Претседателот на собранискиот Одбор за контрола на службата за безбедност, Игор Бечиќ, вели дека е свесен дека српскиот парламент е еден од важните канали за влијание на странските служби.