Во саботата на 14 ноември 2015 г. тројца професори и 23 ученици од средните училишта во Прилеп, вклучувајќи го Економското училиште, Гимназијата и Медицинското училиште , како и 9 ученици од Гимназијата во Крушево имаа можност да го посетат Американскиот Универзитеет во Бугарија, Благоевград и да бидат дел од отворениот ден. Беа одбрани учениците кои добро го владеат англискиот јазик како и интересите кои ги имаат во врска со програмите што ги нуди овој универзитет.
Неколку од тие програми вклучуваат: американски студии, бизнис администрација, компјутерски науки, економија, европска политика, историја и цивилизација, новинарство и односи со јавноста, математика, политички науки и меѓународни односи.
Екипата за пречек ги дочека учениците со воведна презентација за универзитетот. Стуеднтите имаа можност да го запознаат и да слушнат нешто повеќе за успешниот пат на еден од дипломираните студенти на овој универзитет. Идните студенти подоцна имаа тура околу малиот, но прекрасен универзитетски комплекс. Веднаш после турата, учениците присуствуваа на две предавања предводени од професорите на АУБГ.
Им беа понудени предавања од областа на економијата, новинарството, филозофијата и бизнис администрација. Преку овие предавања учениците имаа можност да се запознаат и разговарааат со професорите на овој универзитет. Потоа следеше студентскиот панаѓур. Студентите на АУБГ имаат формирано различни секции.Овие секции директно ги вклучуваат учениците во активносите кои се од нивни интерес. Учениците имаа малку слободно време да прошетаат и да го разгледаат градот пред да се вратат дома. Конечно, учениците имаа единствена шанса да стекнат едно поинакво искуство со оваа посета на АУБГ. Приликата да видат и да почуствуваат како е да се биде дел од една таква американска сестрана универзитетска средина беше поучен и привлечлив момент за учениците.