Сојузот на средношколците најавија протест за 31 август, преку кој сакаат да го искажат нивното незадоволство од одлуката за целосното имплементирање на онлајн наставата.
Протестот е презакажан, откако првично беше најавен за 28 август поради празникот Голема Богородица.
„Протестираме против одлуката за целосна онлајн настава. Се залагаме за комбиниран модел, каде што дозволуваат условите да се применуваат различни локални методи. Рутата на протестот останува иста – започнуваме пред МОН, а протестот завршува пред Владата на РСМ“ , известуваат од Сојузот.
Во саботата, Сојузот ја соопшти својата одлука за средношколски протести на 28 август, само еден ден по средбата на Сојузот на средношколците со владините претставници.
„Имајќи го предвид големиот христијански празник Голема Богородица, Сојузот на средношколци ја информира јавноста дека протестот е одложен за понеделник, 31 август. Бараме разбирање од јавноста со оглед на важноста на празникот“, известуваат од Сојузот во своето соопштение.