Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети СОУ „Кузман Јосифоски Питу“ и го најави новиот проект за средното економско училиште кое добива 137.000 евра за обнова на зградата и фасадата на училиштето со термоизолација, покривната конструкција и дограмата за штедење на енергијата.
„Станува збор за областа на енергетската ефикасност и заштита на животната средина, проект аплициран на третиот повик од ИПА-програмата за прекугранична соработка со Грција“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Винета Иваноска, раководител на одделението за локален економски развој при локалната самоуправа, информираше дека со овој проект се опфатени пет општини, Прилеп и Велес од Македонија и Лерин, Ираклија и Висалтија од нашиот јужен сосед.