Кандидатката за претседател на Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Прод. Д-р Гордана Силјановска Давкова, оствари средба со пратеникот Влатко Ѓорчев кој беше нејзин главен опонент на партиската Конвенција за избор на кандидат за претседател.
“Многу корисен и пријателски разговор со Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев). Се договоривме да продолжиме да работиме заедно за Македонија”, напиша Силјановска на Фејсбук.