“Сред двојазичен Прилеп, ја промовираа Северна Македонија?! Народот ги бојкотираше” (ВИДЕО)

Вчера во посета на Прилеп беше министерката на одбрана, Радмила Шеќеринска, која заедно со градоначалникот Јованоски, одржаа и панел дискусија со прилепчани под Градскиот часовник.

Шеќеринска и Јованоски ги убедуваа присутните дека на 30 септември треба позитивно да гласаат за референдумското прашање, и со тоа како што велат, да гласаат за иднината на Македонија.

На средбата со министерката и градоначалникот, освен потесното раководство и членство на СДСМ од Прилеп, многу мал број на граѓани присуствуваа и ја слушаа слаткоречивоста на говорниците.

На истата локација пред парламентарните избори во 2016 година, актуелниот премиер Зоран Заев, ја даде онаа несреќна изјава дека и во Прилеп ќе може да се учи на албански јазик, да се напише барање на албански јазик…

Со таа изјава Зоран Заев ја наговести двојазичноста во Република Македонија, нешто што подоцна стана и вистина со изгласувањето на Законот за употреба на јазиците.

Шеќеринска и Јованоски вчера заборавија на говорот од Заев, кој тој го даде пред прилепчани во предизборието за локалните избори минатата година.

Токму пред прилепчани Заев најласно зборуваше дека не е донесен за да го промени името на државата, а сега ги убедуваат граѓаните дека тоа е добро и ќе донесе “блескава иднина” за сите.

ФОТО: www.prilep.gov.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.