На 47 Државен фестивал за непрофесионален филм кој се одржа во Струга, прилепчанецот Филип Петрески освои сребрена плакета за краткиот филм “Старецот и кучето”.
Филмот во траење од 3 минути и 40 секунди е приказна за осамен човек во години кој е единствениот преживеан после атомска експолозија.
“Во уништениот свет, тој најдува надеж”, стои во описот на филмот.
Инаку, Филип има завршени филмска и телевизиска монтажа во Благоевград, Бугарија и има учествувано на повеќе фестивали во Бугарија, Босна и Херцеговина, а едено од најзначајните учества е она на фестивалот за филмови снимени со мобилен телефон во Сан Диего, САД.
Петрески е член и на “Фото Кино Клубот” од Прилеп и е еден од најдобрите во својата професија во градот под Марковите Кули.
Во продолжение погледнете го филмот “Старецот и кучето”: