СРБИЈА СО ПОТПОЛНА РУСКА ОДБРАНА: Вучиќ потпишува договори за целосно опремува на Српската војска со руска техника!

vucic_medvedev-306bjvzx7wdsvb98rdzojk

Главната цел на посетата на српскиот премиер Александар Вучиќ во Москва е потпишување на уникатен по вредност договор за воено-техничка соработка, пишува весникот “Взгљад”.

Договорот кој во Москва го однесе Вучиќ предвидува практично потполно вооружување на српската армија по руски стандарди. Покрај останатото, се работи за договор со КамАЗ кој единствено е способен да понуди возила кои ќе подигнат 35 тони корисен терет и ќе овозможат подвижност на самоодните хаубици “нора”, пишува руското издание.

Новите српски оклопни возила “Лазар 2″ ќе бидат вооружени со руски 30мм топови 2А42, познати според НАТО класификацијата како “изделие 242″.

“Лазар 2″ дури и не е оклопно возило во вистинската смисла на зборот, пишува руското издание, туку некоја врста на хибридна полесна верзија, што во СССР, а и во современа Русија се нарекува “оклопно извидничко – диверзантско возило”. Во српски услови, пишува Взгљад, може да се користи и како јуришно офанзивно оружје. “Лазар 2″ вооружен со 30мм топови ќе се претвори во лесен тенк. За условите на Балканот тоа би било универзално оружје, кое во потполност одговара на потребите на српската армија.

Новите воено-технички договори се однесуваат и на можните испораки на системи за противракетна одбрана, што навистина е нешто ново за руско-српската воено-техничка соработка, па и за самиот систем на организацијата на Армијата на Србија, пишува рускиот весник. Засега не е познато што точно Србија сака од ПРО системи и за каква вредност на договорот се работи, но јасно е дека купување на противракетни системи за нисколетачки цели е уникатен договор, кој може да се спореди само со испораката на С-300 во Иран.

Според наведеното, Србија ќе добие и десетина транспортни хеликоптери, од кои два се веќе платени. Договорот би бил уникатен не само за Србија, туку и за целиот балкански регион, пишува Взгљад.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.