Србин ја пријавил сопругата дека ги прекршува мерките против кopoна виpycoт

На адресата на комуналната полиција во Белград често стигнуваат пријави од граѓанаите за некој што не ги почитува мерките.

Началникот на Комуналната полиција, Иван Дива, вели дека во овој момент голем проблем претставува што полицијата на терен нема доволно луѓе, само 320 за цел Белград и затоа може да се случи граѓаните кои пријавуваат да почекаат и до еден час.

Што се однесува до организирањето на забави, Дивац вели да не се верува на социјалните мрежи и “градските муабети”, бидејќи полицијата не го дозволува тоа.

– Што се однесува до влегувањето на полицијата во станови и куќи, тука сме веќе на осетлив терен. Полицијата постапува по дојава кога има некаква забава. Овие одлуки сеуште треба да ги променуваме.

– До сега сме биле во различни ситуации. Неодамна еден човек ја пријави сопствената сопруга, жалејќи се дека нивното дете кое отсуствува од школо и се наоѓа во самоизолација, го однела во трговски центар- истакна Дивац.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.