СРАМОТА! Победа закована на дното од табелата!

После 20-тото коло во Првата фудбалска лига, прилепска Победа е закована на самото дно од табелата.

Шкупи со 3:0 попладнево им пресуди на прилепчани да се најдат на последното десетто место и го вклучи алармот дека клубот се наоѓа во очајна состојба.

Љубителите на фудбалот во Прилеп не можеа да очекуваат ништо подобро, откако во зимскиот преоден рок клубот го напуштија неколкумина клучни играчи, а засилувања речиси и да немаше.

На Победа и претстои тежок период и уште потешка борба за опстанок. Разликата од последното десетто до седмото кое гарантира сигурен опстанок е само 4 бода, но имајќи во предвид дека во минатото коло, Победа одигра 1:1 и со Беласица, речиси е невозможно да се бара нешто повеќе.

Во наредното 21-во коло Победа како домаќин го пречекува Работнички, во меѓувреме на 27.02 црвено-белите ќе го одиграат и полуфиналниот натпревар од фудбалскиот Куп со силната екипа на Академија Пандев.

За потсетување, што им ветуваше актуелниот градоначалник Илија Јованоски на фудбалерите пред почетокот на сезоната:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.