Амбасадорот на Република Македонија во Бразил, Ивица Боцевски, на својот Фејсбук профил ја објави веста дека Колумбија ги укинува визите за Македонците кои ќе патуваат во оваа јужноамериканска земја.
“Укинати се визите за македонските македонските граѓани и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континентот, втората најбројна држава во Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес.
Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се Уругвај и Парагвај, а веќе слободно патуваме во Бразил, Аргентина, Чиле и Перу. Безвизниот режим ги зголеми обврските за македонската амбасада во Бразилија, но засега соработката е одлична и со македонските туристички компании и со македонските иселеници на континентов”, напиша Боцевски.