Спортските работници ја бараат Универзална сала во Прилеп, власта во Скопје нема слух?

Еден од спортските храмови на Прилеп, Универзалната сала, веќе подолг временски период е ставена вон употреба. И покрај бомбастичните најави минатата година, дека ракометот и кошарката ќе се вратат во својот дом, една година подоцна на тоа уште се чека.

Спортските работници секојдневно на социјалните мрежи бараат властите во Скопје да се вразумат и да ја предадат Универзална сала на општина Прилеп, но за тоа до ден денеска не постои слух и разбирање.

-Радоста кратко траеше. По само 3 недели повторно затворена поради промена на власта на локално ниво! Господа од централната власт под хитно да се отвори овај спортски објект бидејќи е единствен објект за развојот на спортот во нашиот град.

Оставетеја политиката на страна и отворетего овај објект, во него ќе тренираат сите млади деца без разлика на вера, пол, политичка определба.

Доколку не го направите тоа вие све директни виновници за развојот на спортот во нашиот град.Можело да се организираат концерти од типот на Саша Ковачевич а неможело спортски настани.

Најдобронамерно како човек спортиста, и кој учествувал во реконструкцијата на овај спортски објект ,одговорно тврдам дека објектот можи да биди отворен и да се направат тие мали зафати кои ги кажуваат како забелешки.

Има интерес на превземање на овај спортски објект од страна на градоначалникот, но бидејќи се спротивна политичка опција не ја даваат, со тоа директно се уназадува целиот спорт во градот.

Политичките елити да ја остават политиката настрана и да работат заедно за развојот на спортот во град Прилеп – напиша на ФБ ракометниот судија Рубинчо Седлоски.

Како што дознаваме, општина Прилеп веќе ја побарала Универзалната сала за одржување на традиционалниот турнир во мал фудбал Св. Никола, кој традиционално со години се одржува во пресрет на патронот на градот.

Според информациите храмот на спортот во Прилеп моментално е под надлежност на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.