Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова месец октомври ќе го памети и по прекрасниот погодок кој и го донесе признанието за најдобар гол на месецот според изборот на интернет страницата специјализирана за женски фудбал „Womens soccer“.
Андонова прекрасно стрелаше во последното коло во кое Розенгард ја освои шампионската титула во Шведска.