Специјализарана едукација – Семејството и правата на детето како клучен фактор во образованието

1-IMG_1148

Денеска во ОУ „Кочо Рацин“ беше одржано предавање на тема „Семејството и правата на детето како клучен фактор во обрзаованието“. Предавањето имаше цел да дадеме придонес во процесот на образованието на децата и зголемувањето на нивото на знаења на наставниот кадар кој игра значајна секундарна улога во воспитно-образовниот процес. На предавањето стана збор и за традиционалниот брак кој повеќе не уживал монопол, туку добива конкуренција во новите форми на заедници на живот   (поради кои се појавуваат нови модели на семејства ), вонбрачни,     монородителски,  рекомпонирани и др. Настанот беше посетен од страна на градоначалникот Марјан Ристески и советникот за образование Марјан Матракоски кои, освен што ги поздравија присутните, посочија дека општина Прилеп секогаш дава поддршка на образованието и правилното воспитување на децата. На настанот беа присутнии наставници од другите основни училишта од градот.

1-IMG_1169

1-IMG_1150

1-IMG_1156

1-IMG_1157

1-IMG_1164

1-IMG_1165




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.