Спектакуларна атмосфера во Анкара по победата на Ердоган: Плоштадот грмеше, народот го извикуваше името на својот лидер (ВИДЕО)

Реџеп Таип Ердоган ќе продолжи да ја води Турција, откако вчера на вториот круг од претседателските избори одново победи со нешто над 2 милиони гласови разлика.

На изборите во Турција гласаа околу 85% од гласачите, а Ердоган освои 27,7 милиони гласови. Неговиот противкандидат, Кемал Киличдароглу, околу кого беше здружена целата опозиција доби поддршка од 47,84% од гласачите, или 25,4 милиони гласови.

По победата следуваше спектакуларна прослава во Анкара, каде огромен број граѓаните се собраа да го проследат победничкиот говор на Ердоган.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.