Соња од Прилеп го исполни својот сон и на 57-годишна возраст запеа на големата сцена: Со нејзиниот настап го крена целото студио на нозе (ФОТО+ВИДЕО)

Со своето појавување во шоуто на Гранд “Никогаш не е доцна”, 57-годишната Соња Муличкоска од Прилеп го исполни својот долгоочекуван сон, а тоа е да пее на големата сцена.

Соња целиот свој живот мечтаела да биде пејачка, но сообраќајната несреќа во која го изгубила својот татко, е вусшност причината поради која не продолжила да се занимава со музика.

Во натпреварувањето на ветерани се претстави со песната “Da budemo nocas zajedno” од Весна Змијанац, а нејзиниот настап го подигна на нозе целото студио.

“Што се однесува до мене, Прилеп пее супер”, рече воодушевено Весна Милановиќ, додека Радослав Роки Родиќ рече дека нејзиниот настап бил прекрасен и дамски.

“Имате прекрасна енергија и мислам дека било крајно време да дојдете на оваа сцена и да го исполните својот сон”, констатира Саша Милошевиќ Маре, на што Соња одговори дека конечно го исполнила својот сон и дека е пресреќна.

Соња сепак не успеа директно да се пласира во следниот круг. За да и помогнете да продолжи да настапува во ова шоу, гласајте ТУКА.

Во делот за коментари кликнете на “Prijavite se”, кликнете најава преку Фејсбук и напиштете го нејзиното име и презиме.

Настапот на Соња е на 1:20:20:

Уживајте!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.