(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)
„СОЧНИ БЛАГОДАРНИЦИ“ ЗА НАЈЗАСЛУЖНИТЕ
Државната администрација на СФР Југославија, со шест републики и две покраини броела околу 28.000 лица. Ако ја земеме предвид последната официјална бројка од 1991 г., според која во СФРЈ имало 23.230.000 жители, ќе видиме дека секој од овие 28.000 државни службеници опслужувал по околу 830 жители.
На последниот попис во 2002 г. Македонија имала 2.000.000 жители. Денес во државната администрација работат 14.800 лица кои опслужуваат по околу 135 лица!
Бројот на вработени во јавниот сектор изнесува 128.253 лица во вкупно 1.354 институции. Но, во овие податоци не се вбројани и луѓето кои работат во јавните претпријатија, агенциите, општините, што значи дека бројот изнесува многу повеќе и се калкулира со бројка од 150-160.000 лица.
Пребукираноста и партизацијата на јавниот сектор експлодира во последниве неколку дена, откако бројот на вработените драстично се зголеми „благодарение“ на заложбите на владата по прашањето за намалување на невработеноста.
Имињата на најзаслужните неколкумина и’ се познати на пошироката јавност и деновиве, иако во недоволна мера, народот им искажува „сочни благодарници“.