Ученичката Софија Гешоска од ООУ “Гоце Делчев“-Прилеп,под менторство на наставничката по француски јазик Ирена Наумоска, на општинскиот натпревар како и на регионалниот натпревар по правопис/спелување на француски јазик кој се одржа на 12.11 2016 во СОУ Гимназија “Јоспи Броз Тито“-Битола,на кој учество зедоа ученици од седмо одделение од основните училишта од Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Демир Хисар и Могила, го освои првото место со што директно се пласираше на државниот натпревар кој ќе се одржи на 03.12.2016 год. на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје.Ова е уште една награда плус во низата на успешни учества на конкурси и натпревари по француски јазик од страна на младите франкофони од ООУ“Гоце Делчев“-Прилеп на општинско,регионално и државно ниво.
дома Регион Образование Софија Гешоска од ООУ “Гоце Делчев“ го освои првото место на регионалниот...