СОУ „Ѓорче Петров“ со нови парковски површини

1

СОУ „Ѓорче Петров“ го заврши уредувањето на дворното место. Станува збор за партерно уредување, патеки со бекатон плочки и хортикултурно уредување на училишниот двор со четири парковски површини, кои ja обиколуваат зградата на средното стручно училиштe.

2

– Оваа е инвестиција е вредна околу 200 илјади денари, се со цел училиштето да има поубав изглед и да биде попријатно место за учениците и професорите. Останува уште да се уреди паркинг просторот во училиштето и да се постави енергетско- ефикасно заштитана фасада. Досега преку различни проекти и буџетски средства во ова училиште имаме инвестирано околу 500 илјади евра – истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески при посетата на СОУ „Ѓорче Петров“.

3

Поради специфичноста на земјената површина за уредување на парковските површини и дворното место ,во СОУ Ѓорче Петров,беше користена земја од градскиот стадион, кој е во изградба. Со помош на ЈКП “Комуналец“ ,кои помогнаа и идено во реализацијата на парковските површини,ова училиште денеска веќе има уреден двор,пријатен за одмор.

4

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.