СОУ “Кузман Јосифоски-Питу” расадник на стручни кадри за берзата на трудот

60 години раст на СОУ „Кузман Јосифоски – Питу

– Во минатото, Прилеп бил значаен трговски и економски центар

– Профилите кои се денес застапени се економски, правен, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар, банкарски техничар и продавач

spasija_neskoska__cuculeska

Трговци од целиот Балкански Полуостров доаѓале во Прилеп во средниот век. Жито, тутун, килими и друга стока најчесто се нудела на панаѓурите на кои се продавале и пиперки и килими. Според историските податоци, кон крајот на 13 век подигната е црквата Св. Димитрија, во која се крие тајната зошто и венецијанските трговци својата стока, пред да ја однесат во Солун и Цариград, ја нуделе на прилепскиот панаѓур, кој во 12-14 век се одржувал во подножјето на црквата. За важноста на панаѓурот зборувал и посебниот султанов указ, со кој сите трговски карвани што носеле стока на панаѓурот ја уживале заштитата на султановите војници. Значајни аргументи за Прилеп во 17 век оставиле турските патеписци Хаџи Калфа, Евлија Челебија и други кои забележале дека поголемиот број од жителите на градот се занимавале со изработка на играчки и ножеви. Во своето патување низ Прилеп, во 1807 година, францускиот конзул Анри Пуквиљ забележал дека градот имал 1000 -1100 куќи и дека водел трговија со жито, волна и добиток. Според него прилепскиот панаѓур бил еден од најголемите во Румелија и траел 25 дена.

Историските податоци покажуваат дека Прилеп има богато минато и длабок корен за трговијата. Бил трговски и економски центар. Токму како продолжување на практичното искуство кое се стекнувало на пазарот, градот под Марковите кули има и долга едукативна традиција на кадрите за чувствителната гранка, трговијата на која многу влијаеле и економистите.

sovremen_vlez

Трговската комора – иницијатор пред 60 години

Токму пред 60 години, поточно во 1956 година, тогашната трговска комора на Македонија, а во соработка со истата асоцијација во Прилеп формира средно училиште за потребите на трговијата. Истата година, со одлука на советот за просвета на тогашната НРМ, се отвори средно економско училиште иако претходно, во учебната 1955/56 година, се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеле во составот на гимназијата “Мирче Ацев”. Во наредниот период општествено – политичките организации го определиле името на училиштето “Кузман Јосифоски – Питу”. Во прво време средното економско и средното трговско училиште работеле одделно, а со посебна одлука за поврзување на двете училишта, која се спроведува во учебната 1987/88 година, започнува забрзан развој на економско – трговскиот центар. Основната дејност на училиштето е образовно – воспитна на ученици од стручно образование со четиригодишно  траење од економска, правна и трговска струка.

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”, денес е училиште кое овозможува квалитетна и современа настава од економска, правна и трговска струка, преку модерна образовна технологија и интерактивно учење во стимулативна и здрава средина во која постојат еднакви можности за напредок и истакнување на индивидуалните способности на сите ученици без оглед на полот или националната припадност, подигнувањето на еколошката свест и поттикнувањето на  чувството за меѓусебно почитување меѓу различните етнички заедници.

topli_ucilnici_i_hodnici

– Нашата нова визија е стремежот СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” да биде почитуван партнер во заедницата, да претставува безбедна средина со пријатна клима за работа на учениците од различните етнички заедници, која ќе овозможи стекнување на квалитетни, трајни и применливи знаења и вештини, целосно подготвувајќи ги учениците за комплетно вклучување во современите општествени текови и пазарот на трудот – вели Спасија Нешкоска Цуцулеска, директор на СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”.

Се профилираат: економски техничар, правен техничар, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар, банкарски техничар и продавач.

Физиономија по европски терк 

Во училиштето, во кое постојано се вложува и се менува изгледот, завршиле многу ученици кои го продолжиле школувањето,  стекнале академско образование и успешно се реализираат во бизнис – секторот, а некои се и истакнати граѓани во Прилеп и државава.

urbano_i_horitikultturno_uredne_dvor

– Инфрастуктурно прерасна во институција која го отсликува внатрешниот квалитетот и постигнувања на училиштето. Во 2013/2014 учебна година се загради задниот двор, се постави надворешна чешма и хортикултурно се уреди, се обнови видео надзорот согласно насоките на ДЗЛП, во неколку училници се обновија мушамените подови, се приспособи нова просторија – канцеларија за раководителот на практична настава, се бојадиса цоклето во училниците и ходниците, додека реалната компанија доби нов фотокопир.

 

izolirana_fasada

Во 2014/2015 учебна година се поплочи патеката пред бистата на Кузман Јосифоски – Питу и хортикултурно се уредија парковите во предниот двор, се реконструираше санитарниот јазол за потребите на вработените, финишираа изведбените работи на комплетно опремената спортска сала од мал тип, се расчисти и уреди просторот пред новата сала и се направи нова бекатонска патека, се приспособија две нови училници со нова внатрешна столарија и мушамени подови, се освежија мушамените подови во пет училници, се бојадиса внатрешната столарија, цоклето во училниците и ходниците, се приспособи нова канцеларија за потребите на помошник директорот во училиштето и се реновираше канцеларијата на секретарот на училиштето, се обнови кујнскиот дел во наставничката канцеларија со мебел и бела техника, се обнови софтверот за електронска најава на вработените согласно насоките на МТСП, се сними нова реклама за презентација на струката и профилите и се заврши постапката за легализација. Во 2015/2016 година се поставија нови клупи во предниот училишен двор, се поплочи патеката и одморалиштето во задниот двор, се отвори нова бекатон врска од училишниот двор до спортската сала, финишираа изведбените работи работи околу реконструкцијата на училишната зграда преку проектот за енергетска ефикасност: нова надворешна столарија, термоизолациона фасада, нов покрив и нова громобранска мрежа, квадратурата се прошири со нов и побезбеден застаклен скалишен простор, се направи нова котларница во просториите на старото училиште со нов котел и резервоар кои ќе ги задоволуваат потребите на старата училишна зграда и спортската сала, се поврзаа постоечките санитарни јазли со идната просторија медиотека, се реконструираа четири санитарни јазли во училиштето од кои еден прилагоден за потребите на лицата со физичка попреченост, освежување на неколку училници со нови мушамени подови и се бојадисаа грејните тела во училиштето – објаснува Нешкоска Цуцулеска.

doteran_ekterier

Прилепското училиште познато како економско – трговско, има сродни едукативни партнери во странство од кои црпи иксуства и знаења. Во последните неколку години доби 9800 евра грант од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност со обуки во Беналмадена, Шпанија и Скарбро во Англија, грант за контакт семинар во Варшава, Полска, грант за контакт семинар во Зандворт Ан Зе, Холандија, грант за мултилатерален проект во вредност од 20500 евра, учествуваше во е-твининг обуки и имаше обучувачи од прилепското училиште, учествуваше во  е-твининг виртуелни проекти, реализирани твининг проекти и мобилности на ученици и наставници во Полска,  Бугарија и Германија.

 

niz_zelenilo_do_salata Пријатели од јавниот и бизнис сектор

Потпишан е Меморандуми за соработка и оставрува успешна соработка со Општина Прилеп, со претставници од јавниот и бизнис секторот, партнер училишта и институции од Европа. Секоја година традиционално и доста успешно се организира Саемот на училишни компании од национален карактер, како и свечените академии по повод патрониот празник на училиштето и доделувањето на дипломи во ЦК “Марко Цепенков”, кога матурантите со фрлањето на капите го означуваат крајот на учебната година. Пријатели на училиштето кое профилира стручни кадри барани на пазарот на трудот, покрај првиот човек на градот, членовите на општинскиот совет и секторите и одделенијата, се и јавните претпријатија и многу други добронамерници. Но, заслугите и постигањата се првенствено на сите вработени и учениците. Своевидната круна на нагорната линија по која оди СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” ја достигнува во 2015 година кога го добива градското признание, Плакетата 3 – ти Ноември, заради достигнувањата и прикажаните резултати од инфраструктурен, организациски и воспитно образовен карактер.

10316_dostojno_odbelezuvanje_na_praznicite

Училиштето не е расадник само на стручни кадри кои се барани на пазарот на трудот. Едукативна институција се и за возрасни. Веќе, втора година успешно функционира и проектот на Центарот за образование на возрасни со кое со диплома за четиригошно образование, во период од две години, бесплатно се стекнуваат возрасни лица.

 

atraktivna_manifestacija_saem_na_ucilisni_kompanii

dobredojde_na_devettooddelencite

Извор: Неделник Зенит




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.