Сопругот на министерката Десковска: “И со договорот останавме вештачка нација, а никој не се буни”

Професорот Тони Дескоски, сопруг на министерката за правда Рената Дескоска, реагира на официјалната позиција на Грција за Македонија според која македонската нација е вештачка творба.

Тој на својот Фејсбук профил го прокоментира официјалниот став за Македонија објавен на веб страната на грчкото Министерство за надворешни работи (ПОГЛЕДНЕТЕ ПОВЕЌЕ ТУКА)

“Договорот од Преспа е потпишан, но сеуште нема промени во однесувањето и тонот на Хеленската Република. Ние сме се уште “вештачка и измислена Македонска нација” според нив. Всушност, никој од наша страна никогаш не се пожалил на оваа навредлива изјава”, напиша Дескоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.