СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

7F4FCCFCE0E33446A734035C80A1A7D8

Во периодот од 31. мај до 3. јуни во Скопје, во просториите на Народната банка на Република Македонија, се одржа меѓународен форум на тема ИТ-инфраструктура во централните банки. Форумот беше место за отворена дебата за ИТ-инфраструктурите на централните банки, каде што се разменуваа искуства за тековната поставеност на ИТ-инфраструктурата во централните банки, како и за идните планови.

Форумот го отвори вицегувернерот д-р Фадил Бајрами, по што се дискутираше на повеќе теми поврзани со ИТ-инфраструктурата, меѓу кои би ги истакнале следниве:

– инфраструктурата за висока достапност на две или повеќе локации,

– инфраструктурата за управување со мобилни уреди,

– стратегиите и понудите за инфраструктура во облак (cloud strategy and offer),

– стратегиите за консолидација на инфраструктурата,

– системите за управување со конфигурацијата на ИТ-инфраструктурата (CMDB),

– околините за развој на апликации и

– управувањето со привилегиите на корисниците во ИТ-околината.

На форумот учествуваа 20 претставници од повеќе земји во Европа: Швајцарија, Италија, Франција Германија, Полска, Финска, Турција, Бугарија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. Покрај нив, од страна на Народната банка присуствуваа претставници од Дирекцијата за ИТ, како и претставници на други организациски единици во Народната банка, чиешто работење е поблиску поврзано со ИТ-инфраструктурата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.