Две лица се тешко повредени во страшната сообраќајка која се случи утрово на патот Прилеп- Градско. Во 7 часот и 30 минути возило „Форд Тразнит“ сопственост на прилепска компанија излетало од коловозот поради дождот кој правел проблеми.
Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајца сопатници, 63-годишниот Ц.П. и 60-годишниот Т.С. кој по укажаната лекарска помош е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Возачот Ж.Р. минал без повреди.
Извршен е увид на местото на несреќата.