Ова е новиот мост во населбата “Сточен пазар” во Прилеп. Истиот е вреден речиси 600.000 евра, а беше пуштен во употреба во пресрет на Новата година.
Мостот се градеше повеќе од година ипол и предизвика големи полемики во јавноста. Неговиот “екстравагантен” изглед е предмет на дискусија на социјалните мрежи.
Па ајде возачи, напишете во коментар, каде смее, каде не смее да се врти и како се снаоѓате кога возите низ овој дел на градот? Дали сметате дека се олесна сообраќајот и колку овој мост е корисен?
Интересна дискусија има и на Твитер:
како КОМУЊАРА пере пари во #Прилеп
мост со 4 ленти и велоспидеска патека од 700,000€ поставен на улица си две ленти и приклучни земјени улички pic.twitter.com/tIMbmA35SV
— Дедо Мраз™ од Македонија (@Dedo_Mraz) December 29, 2020