Сообраќаен инспектор вработен во општина Битола земал мито – заработи кривична пријава

Криминалистичката полиција на СВР Битола до ОЈО Битола, денеска (10.06) ќе поднесе кривична пријава против В. П.(53) од Битола, вработен во општина Битола како инспектор во инспекторатот за контрола на патниот сообраќај.

Имено пријавениот во периодот од 12 Април 2023 па се до денес, искористувајќи ја својата позиција и своето влијание како лице задолжено за контрола на превозниците во град Битола, во два наврати индиректно барајќи пари, од пријавителот 41-годишен маж од Битола, кој е управител и сопственик на правно лице за вршење дејност такси превоз, побарал и примил поткуп во два наврати и со тоа сторил кривично дело “Примање поткуп“, предвидено и казниво по чл.357 ст.1 од КЗ.

Тој во текот на вчерашниот ден е лишен од слобода и изведен пред Јавен Обвинител.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.