Сончево и топло, попладне со пороен дожд

Времето во Македонија претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност.

soncevo-leto

Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Позастапени процесите ќе бидат во крајните источни делови.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура до 19, а дневната ќе достигне до 34 степени.

Од недела до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.